Цеца Ражнатовиќ очигледно ужива да работи со своите кандидати во „Ѕвездите на Гранд“
Цеца откри како се носи нејзината снаа Богдана со бременоста, но и дека едвај чека повторно да стане баба…
Во врска со тоа дали се надева дека оваа сезона би можела да победи, популарната пејачка го изјави следново:
„Што се однесува до победата јас не се занимавам со тоа, ги советувам кандидатите дека тоа не е предуслов за кариера.“
„Имаме победници кои не направија некоја кариера, а ги имаме и оние што освоија некои други места и направија добра кариера“.
„Не смее во главата да им биде победата, бидејќи тоа може да биде психичко оптоварување. Треба да не искористат нас како ментори, нашето искуство и знаење, со тоа да се занимаваат и да се поправат и да работат на себе бидејќи тоа ќе им треба за некоја понатамошна кариера“, изјави Цеца.
Новинарите ја прашаа и за приновата што наскоро ја очекуваат и како се чувствува Богдана во бременоста, на што Цеца одговори:
„Преубава е, одлично се чувствува, очекуваме уште еден убавец како што е малиот Жељко“, изјави гордо Цеца за „Гранд.онлајн“.
Инаку, Вељко неодамна покажа како изгледа неговата сопруга кога објави нејзина фотографија на социјалните мрежи.
Таа се уште не го менува својот стил на облекување, па носи тесни фустани во кои и се познава нејзиниот стомак.
Фотографијата покажа како младата мајка ужива во бременоста, насмеана и во одлично расположение.
Богдана и Вељко најавија и дека нивниот втор син ќе се вика Крстан, а Цеца е пресреќна што ќе си добие уште еден внук.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.