200 г бисквити
200 г конзервирана пченка
200 г лешници
200 г бело чоколадо
120 г путер
100 г ананас
100 мл сок од ананас
200 г чоколадни трошки
Во блендер крупно се миксаат пченката и лешниците, и се ставаат во длабок сад. Се додаваат исршените бисквити и сокот од ананас. Ананасот се сечка на ситни коцки и се додава во садот.
Чоколадото и путерот се топат на тивок оган. Се додаваат во садот, се меси смесата со рака и се остава малку да се стегне. Од смесата се формираат топчиња со големина на орев и се облепуваат со чоколадни трошки.