Крадецот вели “држете го крадецот”! Општините претворени во крави молзници за финансирање на функционерите и елитата во друштво на Мицкоски.
Новите лица на Мицкоски кои секојдневно беседат за криминал и корупција, за делење тендери и крадење на народни пари зборуваат од сопствено искуство бидејќи и тие, како и оние кои ги плукаат во јавност, ги брцнале рачињата во медот. Вкупно 18.053.858,5 денари градоначалниците на само две општини му подариле на директорот на Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Томовски, односно неговата компанија “СИТИ ЛОГИСТИКС“.
Во претходните три недели Инфомакс објави ексклузивни информации најпрво за 390 милиони денари тендери со кои “вмровските” градоначалници од десетина општини “го частеле” Енерџи Деливери Солушнс на Кочо Анѓушев. Една третина од општините со кои раководи ВМРО на Мицкоски , односно дури 16 општини со вмровски градоначалници склучиле договор и со компанијата „Пуцко Петрол“ за набавка на горива. Градоначалниците на Мицкоски на Јахоски му доделиле тендери во висина од над 615 илјади евра или поточно 37.598.044 милиони денари. Минатата недела пишувавме за компаниите ЕЛТРА и ЕНЕРГОМОНТ кои во периодот од 17.10.2021 до 11.07.2023 година од општините добиле дури 117.840.256 денари, во едната од нив Мицкоски има удел од седум проценти.
Денеска може да прочитате како човекот кој секојдневно се појавуваше на прес-конференции, зборуваше за паразити кои “ја цицаат” државната каса, тргнал токму по тој пат и тоа не од сега, туку од порано.
Во продолжение кои двајца градоначалници го помогнале бизнисот на директорот на нивниот штаб.
ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА:
Договор за Реконструкција на дом во Прдејци – втора фаза завршни градежно-занаетчиски работи склучен на ден 02.09.2022 во вредност од 8.253.864,00ден. Потпишан од Андон Сарамандов.
Вкупно од Гевгелија 8.253.864,00ден
ОПШТИНА ГАЗИ БАБА:
Договор за Реконструкција на објект Трубарево -втора фаза меѓу ЈКП Гази Баба и Сити логистикс, склучен на ден 21.02.2023 во вредност од 5.000.001,02ден. Потпишан од в.д директорот Игор Атанасовски.
Договор за Реконструкција на објект меѓу ЈКП Гази Баба и Сити логистикс, склучен на ден 05.12.2022 во вредност од 4.800.013,44ден. Потпишан од в.д директорот Игор Атанасовски.
Вкупно од Гази Баба 9.800.014,46 денари.
Томовски и претходно бил мотивиран за својата работа во партијата и тоа токму од неговиот лидер, Мицкоски.
Со потпис на Христијан Мицкоски, Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ бил избран за Управител на ЕЛЕМ Турс ДООЕЛ Скопје во 2017 година. Само од плати во тој период Томовски добивал над 2 милиони денари или над 30.000 евра.
Компанијата Сити Логистикс и тогаш не била оставена на цедило. Како тогашен Управител на ЕЛЕМ Турс, Томовски добивал тендери токму од ЕЛЕМ за чистење на деловните простории. Еден од тие договори е вреден 2 милиони и 600 илјади денари или 42.000 евра, во име на Сити Логистик е потпишан како управител Томовски. На истиот договор потписник е и Мицкоски.
Само од два тендери Томовски во тој период добил речиси 60.000 евра, а градоначалниците на Мицкоски продолжуваат да ги молзат општинските буџети за да се задоволат апетитите на лидерот и компанијата околу него.
Крадецот вели “држете го крадецот”. Наместо кривични пријави за претходниците, градоначалниците на Мицкоски ги надградија методите за молзење на општинските буџети. Шпицниот градоначалник мора да ја обезбеди иднината и наполни џебовите на неговиот тесен круг поддржувачи, а богами и сопствените џебови.
Неколку општини одржуваат во живот неколку компании блиски до Мицкоски, останати општини директно го финансиират “лидерот”, централната власт се грижи за сопствените тендери… Единствени за кои нема кој да се грижи се граѓаните, државата за некого е мајка, за некого е маќеа, но во секој случај е ограбена од двете страни на едната иста паричка!
Пишуваат: Александар Митовски, Александра Петровска
Во продолжение линкови од претходните текстови во серијалот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.Преку два милиони евра општински пари легнале на сметката на фирма во која Мицкоски имал удел