Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор на крајот од меѓународната конференција за Западен Балкан во ЕУ повтори дека сака да се кандидира за специјален пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Во разговорот со медиумите тој предупреди дека преговорите се запрени, а како што тврди, без продолжување на дијалогот нема да може да се обезбеди сигурна иднина за Србија и Косово.Пахор на дводневната конференција „Пријатели на Западниот Балкан“ најави дека оптимизмот во однос на проширувањето на ЕУ во регионот се намалува, пренесува РТВ Словенија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.