31-годишната плус сајз манекенка како што знаеме го чека првото дете со сопругот Џастин Ервин. Откако објавила дека е бремена, Ешли на своите социјални мрежи споделила неколку фотографии преку кои го покажала својт стомак.
Освен што вежба јога и така ја одржува својата форма таа не ја запоставила ни теретаната. Ешли не дозволила бременоста да ѝ ја успори нејзината фитнес рутина.
Во видео снимката која ја објавила таа тренира под надзор на Кир Стокс.
Ешли го вежба горниот дел од телото со повлекување на конец и целосно е внесена во нејзиното вежбање. Објавата ја споделила на својот профил на Инстаграм со коментар: „Тоа е стил на живот“.
Ешли Грејем навистина е супержена која има силна мотивација за вежбање, а нејзиниот пример го следат и другите.
„Сега дефинитивно немам изговор зошто не вежбам“ – прокоментирала една од нејзините обожавателки.
„Апсолутно преубаво. Ова ме мотивира во наредната бременост да бидам како што си ти“ – уште еден од комнтарите под нејзината објава.