Состојки
1 пакување Фантазија за мермерен колач
За фил
2 инстант пудинга од чоколадо
600 мл млеко
150 гр путер
4 лажици шеќер во прав
За украсување
Ова е рецепт за брза торта, со интересен пресек.
Подготовка
1. Смесата за колач ја подготвуваме според упатството на кутијата.
2. Во намрсено и набрашнето тавче, во средината ставаме со лажица од белата смеса, па од какао смесата. Редиме така додека да се потрошат смесите.
3. Печеме според упатството во загреана рерна на 180/160 степени.
4. Откако ќе се испече, ја ладиме па ја сечеме на три дела.
5. За филот ги ставаме пудинзите заедно со млекото и матиме до згуснување.
6. Путерот кој ни бил оставен на собна температура го матиме со шеќер во прав.
7. Ги соединуваме пудингот и путерот, па ја филуваме тортата.
8. Украсуваме со шлаг и чоколадни капки или по желба.
Забелешка
Ја користев Делимано тавата за чизкејк за печење, сакав да ми биде помала, а повисока тортичкава.
Можете да си подготвите и класичен пудинг, ама ќе ви треба време за ладење на истиот, вака веднаш ви е спремен за употреба.