Брзи, вкусни ѓевречиња

Се подготвуваат брзо и лесно, тестото не се чека да нарасне, готови се за половина час.
Потребни состојки:
200 мл вода
200 мл млеко
200 мл масло
1 квасец(40 г свеж или 20 г сув)
Шеќер, сол(по 1-2 лажици)
Околу 1 кг брашно
Сусам
Начин на подготовка:
Замесете средно меко тесто од состојките(по потреба додадете брашно). Земајте мали делчиња од тестото и оформете ѓевречиња. Како го оформувате секое ѓеврече, потопете го во топла вода, па во сад со сусам. Редете ги на хартија за печење во плехче и печете ги на 200-220 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.