Брзо и вкусно: Пробајте го најдобриот рецепт за арапски палачинки

Може да ги подготвите во различна големи, да ги пржите, печете или похувате.
Пробајте го најпознатиот рецепт за арапски палачинки.
Потребни состојки:
1 шолја брашно
1 шолја гриз
2 лажички шеќер
1 лажичка прашок за печиво
½ лажичка сув квасеџ
¼ лажичка сол
2 и пол шолји топла вода
1/4 шолја мелени ф’стаци
Мед
Аштра(фил)
1 лажица гриз
1,5 лажици нишесте
1 шолја млеко
1 лажица екстракт од ванила
2 лажици маскарпоне
½ шолја леб на коцки


Начин на подготовка:
Ставете ги сувите состојки за арапски палачинки во сад, па додајте вода и промешајте, поклопете и оставете да отстои околу 30 минути. Тестото не треба да биде густо.
Подгответе го филот. Промешајте гриз, ништесте и ¼ шолја млеко и ванила. Загрејте го на оган и додајте го остатокот од млекото, па мешајте додека да стане густо и пенливо. Потоа додајте го маскарпонето и мешајте додека да се соедини и додајте го лебот исечкан на коцки и оставете да се излади.
Загрејте ја тавата и сипете 2 лажици од смесата за палачинки. Печете додека да се појават меурчиња. Не треба да ги печете од другата страна. На секоја палачинка ставете од подготвениот фил, додајте ф’стаци и прелијте со мед и преклопете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.