Брзо и лесно – Жербо коцки кои ќе ги направите за 25 минути

Овој „старински“ рецепт ќе ве врати во детството, со неодоливиот вкус на кекс со додаток на мармалад од кајсии и ореви.
Доколку сакате да подготвите нешто слатко, без да губите премногу време, дадете им шанса на вкусните жербо коцки.
Потребни состојки – за тестото:
20 g квасец
100 ml млеко
1 лажичка шеќер
500 g брашно
½ прашок за печиво
250 g маргарин
2 лажици шеќер
1 ќесичка ванилин шеќер
1 јајце


За филот:
250 g мелени ореви
100 g шеќер
500 g мармалад од кајсии
Начин на подготовка:
1. Во млекото кое треба да биде млако го дробиме свежиот квасец и ставаме лажичка шеќер. Оставаме да се активира квасецот.
2. Во подлабок сад го ставаме брашното, прашокот за печиво и шеќерот. Го додаваме и маргаринот кој стоел на собна температура.
3. Се меша шеќерот заедно со ванилиниот шеќер и смесата се додава во онаа со млекото и квасецот.
4. На крајот ги мешаме течните со сувите состојки замесувајќи меко тесто. Го делиме на 3 дела и оставаме да мирува 15 минути.
5. Во подмачкан плех со хартија за печење ја ставаме првата кора тенко расучена. Врз неа ги нанесуваме половина од мелените ореви (125 g), и половината од шеќерот (50 g) и мармаладот од кајсии (250 g).
6. Ја нанесуваме и втората кора тенко исукана и ја повторуваме постапката со останатиот дел од филот. На крајот ја ставаме и третата кора и неколку пати го боцкаме тестото со виљушка.
7. Печеме во загреана рерна на 180˚С додека добро не зарумени. По желба, колачот може да го прелиеме со стопено темно чоколадо и уште малку мелени ореви.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.