Тајната на оваа салата е во добрата комбинација на состојките меѓу кои се издвојуваат јаболката, целерот и оревите, а исто така задолжително треба да ставите и мајонез.
Потребни состојки:
3 јаболка со средна големина(златен делишес)
1 лажичка шеќер
1 лажичка сок од лимон
Малку сол
1 шолја ситно исечкан целер
Половина шолја мелени ореви
Половина шолја слатка павлака
Малку мајонез
Марула и рукола
Начин на подготовка:
Измијте ги јаболката и исечкајте ги на коцки. Во чинијата со јаболката додајте шеќер, сок од лимон и сол. Додајте целер и ореви и измешајте.
Со миксер изматете ја слатката павлака. Додајте мајонез во згуснатата павлака и промешајте. Сипете ја оваа смеса во чинијата со јаболка, целер и ореви. Салата е готова и ви останува да ја сервирате врз листовите зелена салата и да послужите.