Ако сакате да пробате освежителен десерт за летните денови, ова е совршен рецепт за брз колач со гриз и мармалад од кајсии.
Потребни состојки:
-3 јајца
-1 чаша шеќер
-1 чаша млеко
-1 чаша масло
-1/2 чаша гриз
-1 прашок за пециво
-1 ванилин шеќер
-4 лажици мармалад од кајсии
-1 чаша брашно
Подготовка:
Јајцата, шеќерот и џемот изматете ги со миксер, па додадете ги останатите состојки. Изматете добро, па смесата излијте ја во сад за печење и печете на 150 степени.
Кога ќе се испече колачот, посипете го со шеќер во прав и послужете. По желба може да го прелиете со чоколадна глазура.