Брз чоколаден колач кој ги освои срцата на луѓето – мек и сочен десерт кој се топи во уста

Американците се познати по чоколадниот колач кој брзо и лесно се прави.
„Брауни“ е вкусен десерт кој сме го гледале и во филмовите и сериите, а освен чизкејкот и тој е еден од најпопуларните колачи.
Од овој рецепт се воодушевени над 20 милиони луѓе, а сè што треба да направите е да ги изматите сите потребни состојки и смесата да ја ставите да се пече.
Состојки:
– 200 грама чоколадо;
– 115 грама путер;
– 1 шолја шеќер;
– ½ кафеав шеќер;
– 3 јајца;
– Прстофат сол;
– 1 лажица екстракт од ванила;
– ½ шолја брашно;
– ¼ шолја какао.

Подготовка:
1. На пареа стопете го чоколадото со путерот.
2. Двата видови шеќер помешајте ги, па постепено додавајте ги јајцата. Сето тоа добро изматете го со миксер.
3. Кога ќе добиете кремаста смеса, додадете ги солта, ванилата, брашното и какаото. Убаво соединете ја смесата.
4. Ставете ја смесата во плех за печење кој претходно сте го обложиле со хартија за печење.
5. Ставете го плехот во загреана рерна да се пече на 180 степени околу половина час.
Пријатно јадење!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.