Британската економија избегна повторно да влезе во рецесија, покажуваат податоците на заводот за статистика, според кое во првото тромесечје бил остварен раст од 0,3 отсто во однос на претходното тромесечје.Во последните три месеци од 2012 година активностите во британската економија на квартално ниво се намалиле за 0,3 отсто, па доколку падот продолжеше и во првото тромесечје државата ќе влезеше во рецесија.На годишно ниво БДП-то во периодот од јануари до март пораснал за 0,6 отсто, што е најсилен скок до крајот на 2011 година.Министерот за финансии Џорџ Озборн изјави дека денешните податоци се охрабрувачки и најави истрајност во политиката на решавање на буџетските проблеми.„Сите знаеме дека нема едноставни одговори на долгорочните проблеми и не можам да ветам дека патот секогаш ќе биде лесен, но благодарение на директното решавање на проблемите Британија закрепнува и градиме економија подготвена за иднината“, рече Озборн во соопштението.Главни придвижувачи на растот во првиот квартал беа силниот услужен сектор и закрепнувањето на производството на нафта и гас во Северното море.
МакфаксБританската економија избегна повторно да влезе во рецесија, покажуваат податоците на заводот за статистика, според ко