Британската полиција го откри мотивот за нападот со нож во воз

Британската транспортна полиција ја отфрли можноста за тероризам како мотив зад инцидентот со прободување во воз во саботата навечер, во кој беа повредени 11 лица, од кои девет се во критична состојба.

Истрагите со двајцата уапсени осомничени продолжуваат за да се откријат мотивите за нападот.

Но, полицијата вели дека нема причина да се верува дека инцидентот бил терористички напад.

„Околу 19:42 часот имаше повици до полицијата во врска со неколку напади со нож, кои се случија во воз што тргна од Донкастер кон станицата Кингс Крос во Лондон“, рече Џон Лавлес од Британската транспортна полиција.

„Полициските службеници веднаш пристигнаа на станицата Хантингдон заедно со болничари, каде вооружени полицајци од полицијата во Кембриџшир се качија во возот и уапсија две лица. Во рок од осум минути од повикот на 999, двајца мажи беа приведени, каде што се уште се утрово.“

Осомничените беа идентификувани како двајца мажи, британски државјани родени во Обединетото Кралство, кои беа уапсени во Хантингдон, каде што возот направил итна застанка и каде што веднаш интервенирала вооружена полиција.

„Тоа се првиот маж, 32-годишен британски државјанин, и 35-годишен британски државјанин, со карипско потекло. Двајцата беа уапсени под сомнение за обид за убиство. Двајцата се родени во Обединетото Кралство“, додаде Лавлес.

Инаку, нападот првично беше осомничен како можен терористички напад.

Во првичните истраги беа вклучени единици на британската антитерористичка полиција.

Сепак, полицијата сега вели дека понатамошните истраги ја исклучиле можноста за тероризам како мотив зад инцидентот.

„Британската транспортна полиција вчера изјави дека станува збор за сериозен инцидент, а Одделот за борба против тероризмот првично ја поддржа нашата истрага. Сепак, во оваа фаза, нема ништо што укажува дека станува збор за терористички инцидент“, рече Лавлес.

The post Британската полиција го откри мотивот за нападот со нож во воз appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: