Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека средбата меѓу неговиот специјален пратеник Стив Виткоф и зетот на американскиот лидер, Џаред Кушнер, и рускиот претседател Владимир Путин во Москва поминала многу добро.
„Претседателот Путин вчера имаше многу добра средба со Џаред Кушнер и Стив Виткоф“, рече Трамп за време на настан во Белата куќа.
Потоа откри каков впечаток оставил Виткоф во Москва.
„Путин би сакал да ја заврши војната. Тоа е впечатокот што го добија“, рече Трамп во Белата куќа.
Претседателот Трамп потоа изјави дека САД повеќе не трошат пари за Украина.
„Знаете, ние не трошиме ни денар. Сè му продаваме на НАТО. Тие не нè ограбуваат како што нè ограбија под Бајден. Бајден им даде на сите сè што имавме, им даде ракети, сè што сакаа, бесплатно, без причина, едноставно немаше поим што прави“, рече Трамп во Белата куќа.
Претходно денес, и Виткоф и зетот на американскиот претседател, Џаред Кушнер, се сретнаа со Трамп и го информираа за вчерашната средба со Путин во Москва.
„Соединетите Американски Држави и Русија учествуваа на темелен и продуктивен состанок. Пратеникот Виткоф и г-дин Кушнер го информираа претседателот, а потоа и Украинците“, рече изворот на агенцијата.
Виткоф и Кушнер во вторникот одржаа петчасовна средба со Путин во Кремљ.
Страните разговараа за мировниот план предложен од Вашингтон.
На 30 ноември во САД се одржа состанок помеѓу украинската и американската делегација во врска со планот за воспоставување мир во Украина.
Претходните преговори се одржаа на 23 ноември во Женева со учество на европски претставници.
The post Првата објава на Трамп за средбата меѓу Путин и Виткоф во Москва: „Тој сака да ја заврши војната“ appeared first on Во Центар.



