Бројот на жртвите во терористичкиот напад во Москва се зголеми на 137

Бројот на жртвите во терористичкиот напад на трговскиот центар „Крокус сити“ во Москва се искачи на 137, соопшти денеска Рускиот истражен комитет.

Се додава дека меѓу загинатите има и три деца, пренесува ТАС.

„Истрагата продолжува. До денес се идентификувани 62 тела“, се наведува во соопштението.

Дополнително, бројот на повредени се зголеми на 180, од ​​кои 142 лица се хоспитализирани.

Повеќе од 150 лица се повредени во терористичкиот напад на трговскиот центар „Крокус сити“ во Москва, за кој одговорноста ја презеде Исламската држава, во петокот вечерта.

Пронајдете не на следниве мрежи: