БУГАРИЈА НЕ САКА ДА СЕДИ НА ИСТА МАСА СО РУСИЈА – Откако му го забрани летот, Марија Габриел не сакала ниту да го види Сергеј Лавров

Вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Марија Габриел, го коментираше нејзиното рано заминување од Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје пред пристигнувањето на првиот човек на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Денеска се празнуваат Светите маченици Тирс, Левкиј и Калиник
Светите Тирс и Левкиј беа чесни граѓани на Кесарија Витиниска, првиот беше крстен, а вториот огласен христијанин. А Калиник беше идолски жрец. Кога наследникот на царот Декиј, Кумврикиј, почна беспоштедно да ги мачи и убива христијаните, истапи …
Објавена листа на најпребарувани прашања за секс на Google во 2024 година: Дали го знаете одговорот на првото?
Модерните термини поврзани со сексот понекогаш знаат да бидат збунувачки. Затоа многумина од нас се обраќаат до Google за одговори. Неколку прашања ја одбележаа 2024 година.Имено, Google изјави дека прашањето „Што е автосексуалност? беше најбараниот термин. Терминот …

„Не можам да бидам на иста маса со луѓе кои имаат антибугарски и антиевропски манифестации“, посочува таа.

„Бев во Скопје да изразам почит на претседавачот со ОБСЕ. Покрај тоа, имаше вечера на европските лидери на која секој од нас требаше да каже дека сме таму затоа што не сакаме да ја потпишеме смртта на ОБСЕ. По таа вечера, мислам дека моето присуство таму не требаше да биде физичко, па затоа заминав. Не сакам да присуствувам со претставници на земји кои нè прогласија за непријателски“, изјави Марија Габриел.

Бугарија, иако претходно соопшти дека дава дозвола за прелет, сепак, не дозволи авионот на министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, на пат кон Скопје, да помине низ нејзиниот воздушен простор бидејќи во него се наоѓала и портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, која е под санкции од Европската унија и САД.

Поради тоа, Сергеј Лавров во Скопје пристина преку Турција и Грција, а летот траел пет часа.

Пристигнувањето на Сергеј Лаворв на меѓународниот аеродром во Скопје
Официјална Москва ја нарече бугарската забрана „опасната глупост на некој шегаџија во структурите на моќ во Бугарија“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.