Бугарската официјална политика ја загрозува државната безбедност, реагираат од политичката партија Левица.
– Во пресрет на годишнината од раѓањето на таткото на македонската нација Гоце Делчев, загрозена е безбедноста на државата со субверзија на народниот суверенитет, изразен во функциите на власта – преку закана за атентат на Врховниот командант на вооружените сили на Република Македонија од страна на бугарскиот политичар, европратеник, терорист и фашист Ангел Џамбаски.
Доколку Ангел Џамбаски, после ваквите отворени закани, влезе на територијата на Република Македонија, Стево Пендаровски и Владата на Република Македонија веднаш да дадат оставка и да се закажат избори на сите нивоа поради нивната неспособност да го заштитат територијалниот интегритет и суверенитет на Републиката.
Во спротивно, нивниот опстанок на власт дополнително ја подрива националната безбедност, со кој виталните државни институции се ставаат под контрола на бугарските тајни служби, велат од Левица..
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.