Оваа веге алтернатива на бургер е совршена за летните денови. Лесна, многу вкусна и пријателски настроена кон буџетот. Дајте ѝ шанса.
Потребни состојки:
– 5 парчиња тиквички
– 500 гр крем сирење
– 1 јајце
– 1 шолја презла
– 1 шолја брашно
– прстофат бибер
– прстофат оригано
– прстофат босилек
– сноп магдонос
– 1 главица кромид
Подготовка:
Тиквичките изрендајте ги и добро исцедете ги. Додадете ги крем сирењето, јајцето, биберот, ориганото, солта, презлата, брашното, магдоносот, кромидот и малку мелен босилек. Смесата добро измешајте ја, па направете хамбургери. Извалкајте ги во брашното, па во презлата и пржете на загреано масло додека не поруменат од двете страни. Послужете со кисела павлака и сезонска салата.