Бургери со чедар

Состојки
Состојки
1 кг мелено месо (пола јунешко,пола свинско месо)
1 главица кромид
200 гр кашкавал чедар
Сол,црн пипер,масло

Бургери без никакви додатоци.
На меленото месо му се додава сол и црн пипер.Кромидот го сецкаме ситно и го пржиме на масло.Кога ќе олади се додава кон месото.Од месото формираме 8 бургери-плескавици и во секоја плескавица ставаме по 1 парче чедар-кашкавал.Ги редима во плех на хартија за печење.Одозгора ги премачкуваме со масло.Се печат на 180 степени околу 20 минути.Пред да ги служиме ставаме врз секоја плескавица по едно парче тенко исечен чедар кашкавал.После 2-3 минути,откако ќе се стопи кашкавалот,бургерите се готови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.