Македонската фудбалска репрезентација за прв пат во својата историја обезбеди учество на едно големо натпреварување.
Предводени од капитенот Горан Пандев, „црвено-жолтите“ вчера во Тбилиси, во баражот за Европското првенство 2020, ја совладаа Грузија со 1:0.
По победата се славеше низ целата земја, а додека се чекаа фудбалерите да се вратат дома рано утрово, вчера пред куќата на Горан Пандев се случуваше вистинска навивачка атмосфера.
На социјалните мрежи се шират и видеа од атмосферата пред домот на капитенот каде се скандираше неговото име и презиме.

ВАКА СЕ САКА КАПИТЕНОТ: Еве како се славеше пред куќата на Горан Пандев во Струмица, за момент ќе ве облеат емоции
‹‹ Претходна вест
Loading...
loading...