Вампирите во Македонија

Врз основа на расположливиот материјал можеме да издвоиме неколку типа на вампири, земајќи ја како појдовна точка нивната дејност, откако ќе ce појават во светот на живите. Такво издовјување всушност сторивме при проучувањето на митските преданија за вампири од селото Јабланица.
Во случајот тоа ќе биде проширено со повеќе типови, коишто во Јабланица не ce cpeќаваат. Сепак, тоа e само еден мал простор, една населба наспроти преданијата од цела етничка Македонија.
1. Вампир – сопруг, односно сексуален партнер

Суштината на овој тип на вампир e одржување на сексуални контакти со својата жена, односно продолжување на „љубовта” на маж и жена со цел да ce добие потомство, коешто не e добиено за време на животот на мажот. Тука веќе љубовта не e взаемна. Жената го прифаќа својот бивш сопруг не поради љубов, туку поради страв. Таа секогаш e спремна да ce ослободи од него и при првата можност го прави тоа. Од таквата врска ce добива дете, кое всушност станува вампирџија. Основната особина на вампирот сопруг или сексуален партнер e во тоа што кога лежи до својата жена неговото тело e ладно. Ладното тело тоа e всушност знак за распознавање на вампирот.

2. Вампир-домаќин

Таквиот тип на вампир спаѓа кон таканаречените добри вампири, кој на своето семејство му помага во одгледувањето на стоката, го снабдува со пари и облека, му помага при полските работи и сл. Тоа ce во прв ред вампири коишто своите семејства ги оставиле во сиромаштија, со мали деца. И овој тип на вампир не e пожелен
во неговото семејство и неговите блиски ce лишуваат од него. И тука причината за прифаќање на таквиот вампир e стравот.

3. Вампир-штетник

Вампирот штетник e најпознатиот тип на вампир. Всушност најголемиот дел од преданијата му ce посветени токму нему. Тој им штети на своите најблиски и подалечни луѓе, кои честопати средбата со таквиот вампир завршува со нивна тешка болест или смрт. Тој им штети на нивниот имот и добиток.

4. Вампир-касап

Појавата на вампирот-касап e мошне интересна. Неговото потекло најверојатно e поврзано со верувањето дека вампирот ужива, a всушност и живее од пиење на крв, ce разбира, најлесно крв наоѓа во касапниците каде што ce вработува како касап. Ете како илустративно овој тип на вампир го опишува народниот раскажувач:

„Дотерај волови, заколи го волот, капка крв наземи не капнуе. (…) дотерај овци, заколи крави, капче крв нема наземи да капне.”

Според тоа вампирот касап прво им ја испивал крвта на животните пa потоа ги колел. Касапницата била најсигурното место каде што можел безбедно да живее вампирот, ce додека ce разбира, не бил откриен од
неговите познати. Откривањето ce потврдувало со боцкање на прстот со нож.Тогаш вампирот целиот ce истурал.
Ако ги земеме митските преданија за вампири од селото Јабланица и ги споредиме со другите преданија од другите делови на Македонија, ќе забележиме дека во Јабланица, вампирот-касап не постои, немаме регистрирано такво предание. Вампирот – касап всушност му припаѓа на групата на таканаречените добри вампири. Тој на човекот не му нанесува никакви штети, неговата дејност единствено e поврзана со касапницата, каде што наоѓа место и можности да задоволи некои свои предиспозиции.

5. Вампир-животно

Вампирот ce појавува во својата куќа и e прифатен од своето семејство како нормален човек. Тој врши разни дејства, обично им помага на домашните во одгледувањето на стоката и при некои полски работи. Овој тип на вампир ја има можноста за второстепена трансформација. Во најповеќето случаи ce претвора во куче и како таков ce открива.

Проучувањето на верувањата за вампири и преданијата за овие митски суштества e мошне важно како од етнолошки аспект, така и фолклористички. Проучувањата треба да одат паралелно, бидејќи само на таков начин тие можат да бидат целосно и сеопфатно анализирани и, ce разбира, да одговараат на современите барања на научните истражувања. Митските преданија сочинуваат една целина: етнографско-фолклорна и секое парцијално истражување не може да биде во состојба да ја одрази суштината како на верувањето, така и на фабулата, изградена врз основа на верувањето. Според тоа, секое митско предание содржи неколку полиња, кои помеѓу себе семантички ce поврзани. Во конкретниот случај можеме да издвоиме неколку основни семантички полиња, и тоа:
етнографско (верувањето), фолклорно (фабулата), географско (местоположбата на дејството), религиозно (заштитните средства од вампири), народна медицина (начинот на лекувањето на човекот
кој ce разболел по средбата со вампирот) и сл.
Таквиот пристап поцелосно ни овозможува да го разбереме и сфатиме народното гледање на постоењето на вампирите, на контактите на човекот со нив и нивното доживување.

Танас ВРАЖИНОВСКИ
Лепосава СПИРОВСКА

ВАМПИРИТЕ BO МАКЕДОНСКИТЕ ВЕРУВАЊА И ПРЕДАНИЈА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.