Професорката и екс-кандидатка за претседател на државата, Билјана Ванковска ја коментираше одлуката на Владата за враќање на оградата околу владината зграда. Ваквиот потег, професорката го оцени побитен за Владата отколку враќањето на старото уставно име.
-Враќањето на оградата се покажа како поприоритетна задача од враќањето на името коешто остана за некои други генерации. Интересно, смената на власта ја очитуваме преку вадење и ставање ограда, објави Ванковска на Фејсбук..
Вчера беше поставена металната ограда околу зградата на Владата. Пет дена откако на владина седница беше донесена одлука зградата пак да се огради, екипи од вчера наутро ја местеа.
„Со оглед на тоа што објектот на Владата е опкружен со нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на Министерството за внатрешни работи, Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) да започне постапка за враќање на оградата на Владата која веќе еднаш беше поставена. Истовремено, директорот на СОЗР Ивица Томовски информираше дека оградата била несоодветно чувана под надворешни влијанија во објектот на касарната Илинден, за што ќе направат и дополнителна проценка“, рекоа од Владата на 2-ри јули.
- Нивната судбина радикално се менува: 3 знаци влегуваат во незаборавен период – сè ќе им оди од рака
- Дурмиши: Ако има зголемувања на маржите во маркетите ќе се преземат мерки
- Потврдено: Претседател на суд и судски службеник осомничени за примање поткуп
- Хрватите бираат помеѓу Новак и Федерер, еве кој е идол на талентираните играчи од соседството, како од топ рекоа…
- Меркур влегува во Близнаци: 3 знаци очекуваат среќни вести до 1 јуни
- Под сомнение дека работи за Иран: ФБИ нуди награда од 200.000 долари за информации за екс специјалист за разузнавање на воздухопловните сили на САД
- Брижит Макрон полуде од љубомора: Пораката на 30 години помлада жена предизвика скандал во авионот
- Овој хороскопски знак ќе има прилично среќен ден денес



