Велигденските зајчиња полнети со чоколадо се вистински избор за празничната трпеза

Се ближат празниците и поради тоа можеби секогаш ни недостасуваат идеи за некои нови рецепти за да ја разубават празничната трпеза.
Овој Велигден израдувајте го семејството со традиционални слатки и нема да погрешите.


Полнети велигденски зајчиња се вкусно и идеално решение за да се засладите после ручекот, а истите се подготвуваат едноставно.
Состојки:

  • 600 грама брашно;
  • 200 милилитри јогурт;
  • 200 милилитри млеко;
  • 100 милилитри масло за јадење;
  • Една лажица шеќер;
  • Прашок за печиво;
  • Квасец;
  • Чоколадо или џем (во зависност што сакате повеќе);
  • Жолчки за премачкување.
    Подготовка:
    Во млеко ставете го квасецот и шеќерот и помешајте ги со сите останати состојки за тесто. Тестото добро измесете го.
    Од тестото направете три топчиња, најголемо, средно и најмало.
    Најголемото нека биде прво, тоа ќе послужи како стомак за зајчето, средното нека ја претставува главата, а најмалото преполовете го и од него направете уши. Топчињата наполнете ги со чоколадо или џем.
    Премачкајте ги со жолчки и ставете ги да се печат – 20 минути на 180 степени Целзиусови.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.