ВЕЛИГДЕНСКО ЈАГНЕ ОД РЕРНА: Спремено на овој начин го брише специфичниот мирис, а е сочно и меко!

Ручекот за Велигден е вистинска свечена церемонија и домаќинките даваат се од себе да ги воодушеват сите блиски. Најчесто се започнува со домашна супа или чорба, а според обичаите се замесува дел од велигденските погачи како милиброд или погача, а потоа се продолжува со мезе, разни салати и месо.
Мекоста и сладоста на јагнешкото месо се навистина уникатни, па навистина е штета да не се најде на вашата празнична трпеза.


Состојки:
4 кг јагнешко (најдобро е плешка)
1,5 кг компири
3 лажици сол
1 лажица пиперка
4 чешниња лук
1 лажица рузмарин
3 ловорови листови
2 литри млеко
100 мл маслиново масло
Подготовка:
Измешајте маслиново масло, сецкан лук, магдонос, рузмарин, бибер и ловоров лист.
Јагнешкото убаво измијте го, а потоа парчето или парчињата исушете ги со кујнска крпа.
Посолете го месото, а потоа прелијте го со маринадата со маслиново масло и убаво изматете, оставете да отстои два часа.
Месото се става во поголемо тенџере и се прелива млекото да кисне, се става на оган и кога млекото ќе зоврие намалете ја температурата и покриеното месо варете го околу еден час, внимавајќи да не зоврие.
По тоа време, извадете го месото од млекото, добро намачкајте подлабока тава и наредете ги излупените компири исечени на половина, па одозгора ставете го јагнешкото и прелијте половина од млекото во кое се сварило месото.
Јагнешкото печете го околу два часа на 180 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.