Лидерот на ПАСОК, Евангелос Венизелос би можел да биде нов вицепремиер или министер за надворешни работи на Грција, доколку неговата партија со поистакнати членови се вклучи во владата предводена од Андонис Самарас, пишуваат грчките медиуми.
„Катимерини” пишува дека Самарас во следните денови треба да одлучи дали ќе прави реконструкција на кабинетот, откако по конгресот на ПАСОК Венизелос изрази подготвеност за влез во владата.
Кога трипартитната коалиција беше формирана, Венизелос одбегна во владата да постави членови од првите редови на ПАСОК, и наместо тоа во кабинетот на Самарас беа вклучени кадри што се поврзуваа со партијата на Венизелос. Но, во понеделникот, Венизелос најави поактивно учество во владата.
„Се разбира, политичките фигури треба да учествуваат во владата ако се согласите со политиките”, изјави Венизелос за Мега ТВ.
Покрај можноста именување на Венизелос за вицепремиер или за нов шеф на грчката дипломатија, се споменуваат и имињата на Јанис Маниатис, Еви Христофилопулос и Парис Кукулопулос, кои имаат претходно искуство како членови на владата.
Макфакс
Лидерот на ПАСОК, Евангелос Венизелос би можел да биде нов вицепремиер или министер за надворе