четврток, 12 ноември 2026
Најново

Фицо испрати остра порака до Украина: Ако не го решат ова прашање, Словачка може да го прекине снабдувањето со електрична енергија во итни случаи

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Словачка ќе усвои остри реципрочни мерки против Украина доколку не се решат проблемите што настанаа откако Киев не го продолжи договорот со Москва за транзит на руски гас преку Украина, изјави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо.Ова го изјави денеска по разговорот со европскиот комесар за енергетика Ден Јоргенсен, пренесува Ројтерс.Фицо го обвини Киев дека ѝ штети на Словачка со тоа што не го обнови договорот за транзит на гас со Русија за транспорт на гас преку Украина и се закани дека ќе возврати со прекинување на снабдувањето со електрична енергија во итни случаи за Украина или намалување на помошта за бегалците.Тој рече дека за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин во Москва минатиот месец, обезбедил испорака на гас за Словачка и покрај прекинот на транзитот од Украина.Според податоците на словачкиот оператор на гасоводниот систем Еустрим, откако беше прекинат транзитот на гас преку Украина, Словачка увезува руски гас што доаѓа од Унгарија преку гасоводот Турски тек.Фицо рече дека прекинот на транзитот на гас преку Украина ја чини Словачка 500 милиони евра транзитни такси и 1 милијарда евра поради зголемувањето на цената на гасот.

Поврзани вести