Весна Дамчевска Илиевска: Вождот си назначува претседатели на комитети без процедура и само ако го величаат

Гледам пак по трет пат го назначиле за претседател на ОК Бутел, актуелниот пратеник од ВМРО ДПМНЕ. Се прашувам дали е демократски без никакви процедури, дали е чесно да продолжи после изборните порази и губењето на членство пак да биде истиот човек., напиша на својот фејсбук поранешната пратеничка од ВМРО ДПМНЕ Весна Дамчевска Илиевска, која сега е меѓу иницијаторите во опозициската партија кои бараат свикување на вонреден конгрес.

-Зарем нема други квалитетни кадри во Бутел кои имаат и образовен и професионален и општествен и човечки и партиски кредибилитет?

Или сите се оквалификувани од актуелниот за да биде тој вождот од кој сите ќе се плашат. Никој за него не смее да отвори уста. Сите знаат но си траат. Можеби е награден затоа што плукаше јавно по претходниците кои му подадоа рака. Со лаги и клевети со злоупотреби на луѓе.

Браво претседателе Мицкоски! Така се сакаат своите. А другите, тие што ќе ви ја кажат вистината? Вие си знаете. Вие најдобро си знаете. Чувајте го здравјето. Не го убивајте духот на тие што ве охрабрија во најтешките чекори. Не сме непријатели ваши. Ние сме луѓе кои сакаат да живеат во мир со сите, со различните и со вас. Господ на помош да ви е и нам на сите.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.