Вечера која го топи салото: Секоја вечер пред спиење јадете го ова и гледајте како исчезнуваат килограмите

Добро е познато дека вечерата треба да биде лесна и да содржи помалку калории доколку сакате да го изгубите вишокот килограми.
Ние денеска ви претставуваме рецепт кој ќе ве засити, а кој воедно е и нискокалоричен.
Досега веќе веројатно сте слушнале колку чиа семето е добро за организмот, како за здравјето така и за одржување на линијата. Чиа семето е богато со протеини кои ќе ги нахранат мускулите и ќе ве заситат; циметот кој исто така е дел од оваа вечера ги разградува масните наслаги, додека медот и бананата ќе му дадат добар вкус на оброкот.
Доколку на овој начин го завршувате денот, можете да очекувате брзо губење на килограмите.


Потребни состојки:
– 2 лажички чиа семе
– 125 мл. млеко
– 125 мл. вода
– 1 лажичка мед
– 1 лажичка цимет
– 1 банана
Начин на припрема:
Згмечете ја бананата со вилушка, па додајте ги и останатите состојки. Сè добро промешајте и оставете ја вечерата еден час во фрижидер за чиа семињата да набабрат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.