Вечна дилема: Природно породување или царски рез – ова се нивните предности и опасности

Oколу една третина од бебињата денес се раѓаат со царски рез. Некои жени одлучуваат да се породат на овој начин самостојно, додека други немаат друг избор, односно, лекарите решаваат да закажат царски рез ако утврдат дека тоа е побезбедно за мајката.
Болничарката Шери Бејлс смета дека е најважно бебето и мајката да бидат здрави и сѐ да мине во најдобар ред, а на кој начин малечкото ќе дојде на овој свет, е многу помалку битно.
За време на природното пораѓање, мајката ќе го почувствува проширувањето на нејзината матка. Контракциите притоа се чувствуваат како силни менструални грчеви. Некои жени се одлучуваат за лекови против болки, најчесто епидурал, додека други не земаат никакви лекови. Така, жената ќе може да го држи бебето во раце веднаш по раѓањето. Породувањето може да трае и 12 до 14 часа (ако е прворотка), додека секое следно раѓање оди многу побрзо.
Породувањето со царски рез обично трае околу 45 минути. Може да се изврши под целосна анестезија или под епидурална или спирална анестезија. Самиот процес не е болен, иако жената ќе чувствува како лекарите го вадат бебето.


Времето за опоравување е тешко да се предвиди затоа што мајките имаат различни нивоа на постоперативна болка. Повеќето жени остануваат во болница 24 – 48 часа по вагиналното породување. Потоа, се јавува вагинално крварење, грчеви, оток и болка. Родилките мора да одморат неколку недели по раѓањето.
При царски рез, компликациите може да бидат полоши. Веќе првиот ден жената може да почувствува гадење и слабост. Кашлањето, смеењето и кивањето може да предизвикаат болка. Само еден ден по царскиот рез, ќе мора да станете и да почнете да се движите, така што во белите дробови да не се собира вода, но и за да се подобри циркулацијата и да си помогнете во варењето на храната.
Родилката обично е отпуштена од болница три до четири дена по отстранувањето на конците. Болката целосно ќе престане по шест недели.
За време на природно породување, на жената можеби ќе ѝ треба епизиотомија, поточно рез, сечење заради проширување на вагиналниот отвор, што како и шиењето потоа, може да предизви болка. Проблемите со контрола на мочниот меур се исто така можни по породувањето.
Компликациите при царскиот рез може да вклучуваат и инфекција на матката и кај резот, прекумерно крварење, повреди на мочниот меур или несакани реакции од анестезијата како што се тромбоза и белодробна емболија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.