Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски во видео-обраќање на Фејбук реагира на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека ГРОМ биле уценети и прашува дали нивниот “лидер” Христијан Мицкоски е уценет со белградски снимки?
– Повеќе пати слушам обвинување или фантазии на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и овојпат сум должен конечно да реагирам на нивното соопштение за причините за промени на директори во Градот Скопје од страна на градоначалничката Арсовска, како што тие велат со цел да се задоволат криминалните апетити на СДСМ, фолирантите од Левица, уценетите од ГРОМ и креаторите на лаги и криминал од ДУИ.
Можеби другите партии нема да реагираат, но бидејќи за мојата партија повеќе пати зборуваат дека се уценети, јас сум должен да реагирам и ќе реагирам на нивната крајна некоректност и кога веќе со ракви прљави куршуми се обидуваат да гаѓаат јас ќе им одговорам дека сите оние што размислуваат со своја глава за нив се или уценети или купени.
Затоа што тие можат да бидат само уценети и купени. Сакам јавно да ги прашам:
Колку членови од нивното раководство се низ судските лавиринти со кривични прјави, со затворски пресуди, дали целиот имот на ВМРО-ДПМНЕ е со судска пресуда одземен, дали нивниот лидер е уценет со ташни “Луј Витон” и со белградски снимки?
Токму они што се постојано под уцена, затоа што како што тие велат, ваква слаба власт не сме имале од 1945 година, едно е да имаш лоша власт, може да биде лоша но да биде силна, но ваква слаба и лоша не сме имале од 1945 година и се поставува прашањето која е причината што оваа власт не може да ја бутнеме, односно не ја соборува ВМРО-ДПМНЕ.
Токму тука е проблемот, тука лежи зајакот. Уцените кои ги има дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е причината зошто овие луѓе од СДСМ ние не можеме да ги тргнеме и цела држава сме заложници на уценетите функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Она што исто така зачудува е што со Левица, ВМРО-ДПМНЕ беше во коалиција, со ГРОМ беше во коалиција, со ДУИ беше и коалиција, што е за право да збориме и со СДСМ се во коалиција ама во кафаната “Бела Вода” кадешто коваат коалициони планови.
Како не ви смета господа да разговарате со криминалците, како што вие ги викате, од СДСМ, ВО КАФАНАТА “Бела Вода” и да ковате планови и сите оние кои не ви се вклопуваат во вашите планови предавнички што ги правите зад грбот на македонскиот народ ги нарекувате или уценети или криминалци, или фолиранти, но мислам дека треба да се погледнете во огледало и да се прашање колку вие вредите, фолирате, лажете и колку вие сте уценети и најдобро за Република Македонија и овој народ ќе биде вие господа од ВМРО-ДПМНЕ да се соберете и вашите уценети функционери да ги тргнете, ако сакате или ако сакаме заеднички да дојдеме на власт, порача Јакимовски.