Матрицата на опозицијата е да се свири на вувузели за да не се чуе вистината, кажа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во дебата со Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ во „Само вистина“. Оценката на Битиќи дојде откако Николовски започна да набројува цени на производи и кажа дека цената на лебот е 52 денари.
-Вие лажете, зашто има цени на лебот од 47 денари, 43 денари на неколку пекарници, кажа Битиќи.
-Јас зборувам за лебот на „Жито лукс“, врати Николоски.
-Знаете ли колкава е грамажата на тој леб?, праша Битиќи.
-800 и нешто грама, одговори Николоски.
-Не, туку 400, за што ќе ви приложам и фактура, кажа Битиќи.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.