Дваесетгодишно момче е тешко повредено откако со „бмв“ излетало од патот Гостивар-Тетово.
„Вчера во 08.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Гостивар – Тетово, во близина на клучка Камењане, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.О.(20) од с.Пирок, тетовско, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ш.О., констатирани во Клиничка болница Тетово“, информираат од МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.





