Протестот против ископот на литиум од проектот „Јадро“ во Србија почна вечерва во 19 часот, но насобраните се уште нема да се разотидат со оглед на тоа што се поделија на неколку места каде ќе го блокираат сообраќајот, пренесуваат српските медиуми.
Според некои информации ова е еден од најголемите народни собири во Србија во последните години.
„На вечерашниот протест во Белград против ископувањето на литиум, според моментално достапниот материјал, се собраа приближно 40.000 луѓе“, беше наведено на страницата „Архива на јавни состаноци“.
За споредба, на протестот на иницијативата „ПроГлас“ во декември минатата година по изборите, во Белград се собраа 17.000 луѓе.
Video iz drona: Veliki broj građana okupljen je u centru Beograda, na protestu protiv rudarenja litijuma. pic.twitter.com/zH10QaYnaV
— TV N1 Beograd (@n1srbija) August 10, 2024