Откако Инфомакс објави дека Христијан Мицкоски гради куќа во Козле во вредност од над еден милион евра, нашите од Индекс решија да го истражат случајот.
Мицкоски купил и реновирал барака во Козле која вреди над еден милион евра, но наместо на негово име во Катастарот таа е заведена на име на неговиот зет за сестра, Жани Митревски.
Според имотниот лист кој го објави Индекс куќата навистина вреди еден милион евра.
Информацијата прв ја објави уредникот на Инфомакс, Александар Митовски кој во емисијата Тешки муабети истакна дека Мицкоски наместо да објавува ситни афери за политичари требаше да реагира за случувањата во ФЗОМ.
– Колку кошта куќа во Козле, испод 250.000 евра нема, да ја купиш, да ја срушиш, да платиш комуналии, да изградиш нова, имаш инвестиција од милион и нешто, објасни Митовски.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.