„Инспектор“ Џафери ги искара службениците во СВР Тетово: „Кафе ли пиете?! Кој не работи веднаш да си оди!“

Техничкиот премиер Талат Џафери денеска ги искара службениците во СВР Тетово.

Премиерот Талат Џафери беше во посета на Тетово. Но, без претходна најава ја посетии тетовската полиција, одделението за вадење документи.

Се чини дека не бил задоволен од посветеноста на вработените во овој сектор.

Премиерот Џафери не се двоумеше со гласни тонови да ги критикува вработените во овој сектор.

„Каде е вашето работно место?

– Работам во полициска станица.

Да, што правиш овде?

Овде немаш официјална работа. Дојдовте да пиете кафе.

Кој не е тука веднаш нека си оди“, рече Талат Џафери.

Тој вчера го повика Министерството за внатрешни работи правилно и соодветно да ја информира јавноста и да не предизвикува хаос во перцепцијата на граѓаните.

Пронајдете не на следниве мрежи: