(ВИДЕО) Мечка со две мечиња се појави на пат во Маврово



Мечка со две мечиња излезени на пат. Вакво видео е објавено на социјалната мрежа Х, а во објавата се вели дека е снимено во Маврово.

Видеото е кратко и на него се гледа како мечката, кога ги забележува луѓето, се обидува со двете мечиња што побрзо да се тргне од улицата и за кратко исчезнуваат во шумата.

Ловот на мечки во Македонија е трајно забранет. Но, овој вид многу се намножи особено во националните паркови Маврово и Шар Планина.

Мечките се почето се појавуваат во населените места. Најалармантно беше во реканското село Жировница особено во текот летото и есента минатат година кога мечките напаѓаа домашни животни, а имаше случаи во кои се обидуваа да влезат во куќите.

Владата донесе мерки меѓу кои беа чистење на дивите депонии за да не ги привлекуваат мечките да се хранат од нив, како и оградување на легалните депонии.

*Насловна фотографија: принтскин

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: