недела, 15 ноември 2026
Најново

Мицкоски добил покана да присуствува на инаугурацијата на Трамп

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп 20 јануари во Вашингтон. Ваквата информација синоќа ја сподели неговиот заменик и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.

Претходно Мицкоски најави дека на 18 јануари заминува во посета на САД. Според него, за време на посетата на Вашингтон се предвидени многу средби и разговори и теми што сака, како што вели, да ги отвори и да ги затвори.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Најави дека ќе оствари средби со водечки луѓе од администрацијата на Вашингтон.

Официјалните претставници на САД прават планови на церемонијата на положување заклетва на 20 јануари да присуствуваат повеќе странски државници. Упатена е покана и до кинескиот претседател Си Џинпинг.

Американскиот претседател во заминување, Џозеф Бајден ќе присуствува на церемонијата на инаугурација на неговиот претходник и наследник, соопшти Белата куќа.

Поврзани вести