Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 21 март 2024 г. на МРТ 1
Во ова издание донесуваме:
– Министерството за здравство ѝ пратило на Делегацијата на ЕУ истражување на пазарот, според кое, едно амбулантно возило чинело приближно колку и цената постигната на тендерот на ЕУ – 63 000 евра; како тогаш Здравство ќе набавува возила по 90 000 евра;
– Општина Ѓорче Петров ја урна дивоградбата близу обиколницата – вонредниот надзор од Државниот инспекторат за градежништво не ги поколеба;
– Кои теми доминираат во американското предизборие и ќе бидат решавачки за тоа дали некој ќе гласа за Џо Бајден или за Доналд Трамп – анализа на Владимир Мирчески од САД;
– Отворени денови на Армијата по повод 75 години од постоењето на НАТО и четири години од зачленувањето на Северна Македонија во НАТО – вредеше ли;
– Нова „Саботажа“.