Палестинските сили на Хамас објавија повеќе снимки од денешниот напад врз Израел.
Едно видео, чија автентичност сè уште не е потврдена, покажува уништување на наводен израелски тенк со ДРОН.
Многу корисници на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) истакнаа сличности со видеата од уништувањето на тенковите кои речиси секојдневно стигнуваат до нас од Украина.
На Твитер кружат различни шпекулации за тоа кој му помогнал на Хамас да го нападне Израел.
Така, Сергеј Шумлени, основач на Европскиот центар за иницијатива за отпор, организација за промоција на демократијата, вели дека Русија секако стои зад уништувањето на тенкот.
„Ниту еден сојузник на Хамас освен Русија нема искуство со користење беспилотни летала за фрлање бомби врз модерни борбени тенкови. Само Русија може да го научи Хамас како да го прави тоа“, смета Сумлени.
Потсетуваме, рано утринава беше уништен еден тенк Меркава IV, а заробен е најмалку еден член на екипажот.
Припадниците на Хамас од Појасот Газа денеска влегоа во јужен Израел и истрелаа илјадници ракети врз таа земја.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека ова не е операција, туку војна и најави мобилизација на резервисти.
- Помошта за Украина на агендата на новата средба во Рамштајн
- Барселона го понижи Реал со 5:2 во Супер купот
- Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото денес?
- EURONEWS: Македонија има највисока стапка на смртност од загадувањето на воздухот
- Крадец среде бел ден во Карпош сакал да ограби маркет, па откако не успеал повредил вработена