Поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка на СДСМ, Славјанка Петровска, преку објава на Фејсбук праша дали за помошник министер во МВР е поставено лице кое има кривична пријава за измама.
– “Дали е точно дека за помошник министер во МВР е поставено лице против кое во 2023 година е поднесена кривична пријава по член 247 од КЗ, Измама.”?
Ова прашање им го поставив на пратеничките и пратениците од ДПМНЕ на седницата на Комисијата за политички систем.
Одговор немаше, само обиди да бидам замолчена и заплашена.
Не ви се плашам, ќе зборам.
п.с до кај сте со Никогаш Северна, само Македонија? – напиша Петровска на Фејсбук.