Еден член на екипажот загина во пад на стратешки бомбардер Ту-22М3, напиша на Телеграм, Игор Кобзев, гувернерот на регионот Иркутск каде се случи авионската несреќа.
„Работата на местото на несреќата Ту-22М3 продолжи и во текот на ноќта. На мое длабоко жалење, еден од пилотите не можеше да се спаси. Вака велат структурите на воената команда на руското Министерство за одбрана“, рече Кобзев.
Тој изрази сочувство до пријателите и семејството на починатиот пилот.
Официјалниот претставник рече дека уште тројца членови на екипажот се здобиле со повреди од различен степен и се хоспитализирани.
„Точната причина за несреќата допрва треба да ја утврдат експертите. Вчера се истражуваше техничка неисправност како потенцијална причина“, додаде тој.
Авионот се урна во регионот Ирскут во источен Сибир за време на планиран лет. Русија вчера објави дека екипажот успешно се катапултирал. На местото на несреќата избувнал пожар, но тој брзо бил изгаснат.
На руските канали на Телеграм се појавија фотографии и видеа од местото на несреќата.
😍 An enemy Tu-22m bomber fell to the ground😍
The cause of the crash is a technical malfunction
The Russian Defense Ministry confirmed that a Tu-22M3 had gone down, the Kremlin media reported. pic.twitter.com/SM2ANVN5QD
— Toronto Television / Телебачення Торонто (@tvtoront) August 15, 2024