Во денешната интервенција, која е на барање на Центарот за управување со кризи (ЦУК), како што информираат од Министерството за внатрешни работи учествуваа хеликоптери од типот Бел-412 и М171
Над 50 тони вода исфрлија двата полициски хеликоптера врз пожарот во атарот на селото Селце. Во денешната интервенција, која е на барање на Центарот за управување со кризи (ЦУК), како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР) учествуваа хеликоптери од типот Бел-412 и М171.
„Тие со прецизно дејствување исфрлија 50 тони вода, во кординација со силите на терен, со цел стопирање на кракот што се движеше кон селото Селце“,
информираат од МВР.
Претходно денеска, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, информираше дека во гаснењето на пожарот, кој пред четири дена започнал на Шар Планина во атарот на село Селце, а кој е сè уште активен ангажирани се два полициски хеликоптера. Вчера, покрај ренџерските тимови на Националниот парк „Шар Планина“, во гаснењето помогнале и тимови на Противпожарната единица на Тетово.