После три години врска, Тшепо Камерон Модисане и Тоба Калвин Ситол од градот Квсадукуза, одлучиле својата љубов да ја крунисат со брак. На тој најважен ден од нивниот живот подршка им пружиле 200 пријатели и членови на семејството.
Освен тоа, церемонијата ги обединила обичаите на етничките групи Зулу и Тсвана.
Двајцата 27-годишници најавиле дека ќе се венчаат уште еднаш, кон крајот на годинава во Јоханесбург.
„Голем чекор за нашата врска беше кога тоа им го објавивме на нашите семејства. Благословени сме што не опкружуваат луѓе полни со разбирање и поддршка. И покрај тоа што сме хомосексуалци, тие не сакаат“, изјавил Тшепо.
Неговиот партнер додава дека се надева дека наскоро ќе можат и да посвојат дете.
„Семејството ни е многу важно и тоа е основна причина зашто сакаме да имаме деца. Сакаме да ги одгледуваме во амбиент во кој ќе бидат сакани од двајцата родители кои ги ценат и почитуваат“, кажал тој.
После три години врска, Тшепо Камерон Модисане и Тоба Калвин Ситол од градот Квсадукуза, одлучиле својата љубов д