(Видео) РУСИТЕ ГО УНИШТИЈА ПРВИОТ АБРАМС ОД ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈНАТА: Моќниот американски тенк беше погоден со дрон кај Авдијивка, а потоа..

Руски воени блогери тврдат дека американски тенк Абрамс е уништен кај Авдијивка за прв пат од почетокот на војната!

Моќниот тенк, наводно, прв го погодил дронот, по што војниците на 15-та моторизирана бригада го завршиле со рачни ракетни фрлачи.

Воениот блогер Рибар објави видео од пожарот на Абрамс.

– Првиот уништен М1А1 Абрамс со BRAT динамичка заштита некаде во нивата во правец на Авдијивски – вели Рибар.

Според некои воени блогери, тенкот бил откриен од дрон на ЗАЛА во околината на областа Бердиќ кај Авдијивка.

Украина се уште официјално не се огласила.

Снимката од Абрамс кај Авдијивка со денови кружи на социјалните мрежи и е првпат од почетокот на војната Украина да користи донирани американски тенкови во борба.

Пронајдете не на следниве мрежи: