Силите за специјални операции од Северна Македонија, заедно со специјалните сили од САД, Франција, Италија, Кипар, Бугарија, Австрија, Полска, Египет и домаќинот Грција учествуваат во мултинационалната воена вежба „ОРИОН-24“ што од 2 до 13 септември се одржува во поширокиот регион на областа Атика, јави дописничката на МИА од Атина.
Во рамките на вежбата планирани се десетици сложени сценарија како на копно, така и во вода и воздух, а од Генералштабот на националната одбрана на Грција на социјалните мрежи објавија фотографии и видео од текот на воената вежба.
Според грчките медиуми, меѓу панираните сценарија се и ослободување и повторно заземање на мал остров во источниот дел на Егејското море, што воедно е сценарио со голема оперативна тежина, како и излез на двајца командоси од подморница.
Паралелно ќе се извршат ноќни и денски скокови со падобрани, скокови од хеликоптер во морски дел, но и употреба на оружје и снајпери, неутрализацијата на експлозивните направи како и пружањето прва помош.
Припадниците на специјалните сили на Северна Македонија учествуваа и во ланската воена вежба „ОРИОН 23“ што од 24 април до 5 мај се одржа во Грција.
📍 Attica Region, Greece
Multinational SOFEX “ORION-24” dropping in !!
🇬🇷🇺🇸🇫🇷🇮🇹🇨🇾🇧🇬🇷🇴🇲🇰🇦🇹🇪🇬🇵🇱 #HNDGS #ΓΕΕΘΑ #ΕΔ#SOF #Helocasting @Hellenic_MOD @HAspokesman @NavyGR @HAFspokesperson #ΔΕΠ @NationalGuardCY @USSOCOM @US_SOCEUR @EgyArmySpox @Esercito @BulgariaMod @Armees_Gouv… pic.twitter.com/Fv2dmMkOPA
— ΓΕΕΘΑ-HNDGS (@hndgspio) September 5, 2024