ВИДЕО| Фрагмент од комета го осветли небото над Шпанија и Португалија




Блескав фрагмент од комета ненадејно го осветли небото над делови од Шпанија и Португалија доцна во саботата, соопшти Европската вселенска агенција (ESA), а жител на Лисабон им кажа на новинарите дека поради глетката „се чувствувал како во филм“.

Во неделата утрото, X платформата на ESA сподели видео снимено од сопствената камера од „многу светол метеор“ на небото над западниот шпански град Касерес, во близина на границата со Португалија. Подоцна објави дека се работи за „мал фрагмент од комета“, а не за метеор.

Се проценува дека кометата прелетала над Шпанија и Португалија со брзина од 45 километри во секунда пред да согори над Атлантикот.

Во двете земји, луѓето објавуваа свои видеа на социјалните мрежи, направени во неколку португалски и шпански градови и населени места. Сите од нив ја прикажуваат кометата како забрзува низ ноќното небо и ја осветлува со интензивни сини и зелени треперливи бои.

Жителот на Лисабон Бернардо Таборда за Reuters изјави дека шетал низ градот со пријателите кога небото одеднаш станало светло зелено.

„Речиси се чинеше како бел ден…сите го видовме. Се чувствував како филм. Беше неверојатно“, вели Таборда.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: