ВИДЕО I Дончиќ одличен, но Далас доживеа тежок пораз од Бостон



Екипата на Бостон селтикс немаше милост кон Далас маверикс (138-110) во еден од најинтересните мечеви од синоќешната програма во НБА, со што уште еднаш покажа дека е еден од најголемите фаворити за титулата во најсилната лига на светот.

На „телињата“ не им помогна фактот што Лука Дончиќ имаше уште една магична вечер, со нов трипл-дабл учинок. Словенецот даде се од себе, но не можеше да им парира целосно на расположените „келти“, кои најголем дел од работата завршија уште во првата четвртина. Дончиќ средбата ја заврши со 37 поени, 12 скока и 11 асистенции, додека Џејсон Татум со 32 поени, Џелејн Браун со 25 поени и Кристапс Порзингис со 24 беа предводници во победничкиот тим. Бостон сега има 47 победи во 59 меча сезонава, додека Далас го претрпе 26 пораз во 60 средби.

Јанис Адетокумбо со феноменален учинок со 46 поени, 16 скокови и шест асистенции беше најзаслужен за триумфот на Милвоки бакс кај Чикаго (113-97), додека кошаркарите на Голден Стејт вориорс дојдоа до 11-тата победа во последните 13 дуели, откако на гости го совладаа Торонто репторс (120-105). Стеф Кари со 25 поени беше прв стрелец на мечот и најзаслужен за успехот на „воините“.

РЕЗУЛТАТИ:
Детроит – Кливленд 100-110
Филаделфија – Шарлот 121-114
Бостон – Далас 138-110
Торонто – Голден Стејт 105-120
Мемфис – Портланд 92-122
Минесота – Сакраменто 120-124 (п)
Њу Орлеанс – Индијана 129-102
Чикаго – Милвоки 97-113
ЛА клиперс – Вашингтон 140-115.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: