Вие сте подарок за овој свет

Секое утро, откога ќе го поздравите сонцето, убаво размислете за ова:
Дали ја давате вашата енергија и креативноста, вашиот талент, онаму каде што луѓето недоволно ве ценат?
Престанете да одите со глава низ ѕид!
Ослободете се од тие места и луѓе. Оставете ги да одат по својот пат.
Животот е прекраток за да ги убедувате луѓето да бидат свесни за тоа кои сте и колк вредите.
Сакајте се доволно за да можете да си заминете од секоја ситуација во која постојано ги ставате другите на прво место, а тие ве игнорираат вас.
Усните на мудрите се запечатени и не им зборуваат на оние кои одбиваат да ги слушаат или оние кои претпочитаат да живеат во незнаење.


Почнете да создавате место за себе, место во својот живот и во светот, за да го правите она за коешто мислите дека сте родени и за луѓето кои се подготвени да ги примат вашите дарови.
Вашите таленти и време се скапоцени.
Внимавајте на нив, негувајте ги и разивајте ги.
Само на тој начин можете да живеете живот кој има цел, кој е значаен и во кој нема фрустрации.
Вие сте подарок за овој свет.
Заслужувате да бидете препознаети за она што сте.
Не заборавајте: Вие имате величественост во себе!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.