Визер укинува 4 дестинации од Македонија

Нискобуџетниот авиопревозник „Визер“ ќе прекине сообраќа на авионски линии од Скопје и Охрид до четири европски града, објави exyuaviation.com.

Нискобуџетната авиокомпанија ќе ги прекине операциите од својата база во Скопје до Турку, Торино и Билунд.

Визер укинува 4 дестинации од Македонија

Според тоа, Македонија повеќе нема да има редовна авиолинија до Финска. Летовите за Турку беа воведени во 2019 година, додека за Билунд во декември минатата година.

Покрај тоа, авиопревозникот ги прекинува операциите меѓу Охрид и Фридрихсхафен. Летовите меѓу двата града беа воведени минатиот декември.

Како резултат на тоа, три од четирите нови линии што ги воведе во последното проширување на својата македонска мрежа, во декември 2021 година, сега се прекинати.

Дополнително, авиопревозникот ќе укине летови и од Љубљана, Белград и Тузла.

Компанијата ги прекинува услугите меѓу Шарлроа и Љубљана, Белград и Хан, како и меѓу Тузла и Ваксјо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.